Во акција на мобилен царински тим, на 31 декември биле запленети 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, ризични по здравјето на граѓаните. Поведена е кривична постапка против сторителот, македонски државјанин од Гостивар, при што поднесена е кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик.
Делото е откриено на граничен премин Блаце, при преглед на возило со швајцарски регистарски таблички. Во текот на истрагата е утврдено дека сторителот ги набавил нелегалните распрскувачки материи од Приштина и истите сакал противзаконски да ги внесе во Македонија.