Сребрен и бронзен медал за младите пингпонгари
Во организација на Пинг понг клуб „Куманово“ и Општинскиот сојуз на спортови , изминатиот викенд се одржа Петтиот традиционален турнир во пинг понг за кадети „Куманово 2019“. На турнирот учество зедоа 26 кадети и кадетки од шест клуба од Македонија, а се одржа во спортската сала на гимназијата Гоце Делчев , по повод државниот празник 11-ти Октомври, информира координаторот и прв тренер на клубот , Мики Трендафиловски. Тој е задоволен од играта на неговите ученици и постигнатиот резултат на турнирот.
„Андреј Васевски е втор, а Ведран Рангелов трет во конкуренцијата на 14 кадети, а играта на Стефан Станковски и Гого Нешковски беше задоволителна и на очекуваното ниво“, вели Трендафиловски. Првото место во конкуренција на кадети му припадна на Ѓорѓиј Соколоски од Пинг понг клуб „Студент“ од Скопје , а најдобра кај кадетките е Изабела Ковачевска од ПКК „Берово“ од Берово.