Средношколци ќе даруваат крв

Општинската организација на Црвен крст Куманово организира крводарителска акција за учениците од средните училишта „Наце Буѓони”, „Перо Наков” и „Киро Бурназ”. Акцијата ќе се одржи утре во Центар за култура од 9 до 15 часот.
-Ги охрабруваме сите ученици кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот-се вели во соопштението.