ССОУ „Киро Бурназ“ со над 500 слободни места

510 ученици можат да го продолжат своето средно образование во стручното општинско училиште „Киро Бурназ“ согласно објавениот Конкурс на МОН. Од нив 374 ученици се со настава на македонски јазик распоредени во 11 паралелки, а останатите на албански наставен јазик. Идните средношколци ќе можат да изберат еден од четирите сектори застапени во училиштето, Земјоделство, рибарство и ветеринарство, Хемија и технологија, Лични услуги и секторот Машинство, вели директорката на „Киро Бурназ“ Весна Трајковска.

-Во секторот Земјоделство, рибарство и ветеринарство учениците можат да се запишат во -агротехничар/ техничар за агроменаџмент,  -агротехничар/ техничар за агроменаџмент,  – техничар по ветеринарна медицина , -техничар по ветеринарна медицина, – техничар за фитомедицина – техничар за фитомедицина – градинар – цвеќар.

Во секторот Хемија и технологија можат да изберат: – прехранбен техничар , – техничар за козметички и хемиски производи , – пекар .

Во секторот Лични услуги: – техничар за козметичка нега и убавина , – техничар за козметичка нега и убавина , – фризер.

Во секторот Машинство:  – машински техничар за моторни возила , -автомеханичар, изјави Весна Трајковска, директор на ССОУ„Киро Бурназ“

Иако речиси секоја година има различен интерес за одредени профили, сепак последните неколку години најголем дел од учениците се одлучуваат за земјоделско-ветеринарната струка, велат надлежните.

-Една година имавме поголем интерес за козметичари, потоа за фризери, за профилите од земјоделско -ветеринарна струка последниве 4-5 години обично интересот е најголем, иако има поатрактивни струки, сепак во моментот во нашето училиште најголем број на запишани ученици има во земјоделско -ветеринарната струка. Од вкупниот број на ученици – 470,  повеќе од двеста се во оваа струка, а другиот дел е распореден во овие други струки. Тоа ме радува, тоа е иднината  на нашата држава. Споредбено со другите земјоделски училишта во државата, ние сме едно од најразвиените, покрај училиштата во Струмица и Тетово. Имаме сопствено земјиште, комплетна механизација, пчеларник…. изјави Трајковска.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 месецов, а ранг листите со резултатите и слободните места ќе се објават на 18 јуни. Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни. Третото пријавување ќе се врши на 29 јуни 2, а резултатите ќе се објават на 30 јуни .

-Пријавувањето и запишувањето ќе се врши во училиштето со целосно почитување на сите мерки за заштита, согласно Протокол за постапување на средните училишта за време на запишување на ученици во прва година, објавен од МОН, изјави Трајковска.

Учениците доколку се упатени на поправни испити, испити за побрзо напредување и слично, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација. Инаку, ученикот по сите критериуми утврдени со конкурсот може да добие најмногу 80 поени.