Стојановски: Со моторна пила уништени дрвја на булеварот „Октомвриска револуција“
Дрвја, стари и по дваесет години викендов биле мета на вандалско однесување, информираат надлежните од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.
Како што објави директорот Ненад Стојановски, две вечери по ред во доцните часови, непознати лица со моторни пили уништуваат дрвја на булеварот „Октомвриска револуција“. За случајот има соодветна пријава до СВР Куманово.
– Апелираме до МВР да ги најде виновниците и најстрого да ги санкционира! Исто така, бараме 24 часовен мониторинг од службите како би го заштитиле јавниот имот! Апелираме до сите граѓани доколку забележат било какво девијантно однесување истото веднаш да го пријавуваат! – се вели во објавата на Стојановски.