Сто нови амбулантни возила ќе набави Владата

Владата донесе одлука за отпочнување набавка за купување 100 нови модерно опремени амбулантни возила, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата, бидејќи таму луѓето се потпираат на оние возила кои се донација. Како Влада на последната седница донесовме одлука за отпочнување на набавка на 100 нови модерно опремени возила, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата –истакна премиерот Мицкоски.