Тампонирање на улици во Доброшане

Почна тампонирање во кумановското село Доброшане. Тампонирањето е дел од годишната програма за санација на улици во општината.  На овие улици претходно беше поставена фекална канализација. Претходно, тампонирани беа улици во повеќе рурални средини Проевце, Лопате, Тромеѓа, Четирце, како и во неколку приградски средини. Општина Куманово на јавен тендер во средината на мај годинава, избра компанија за градежни работи и тампонирање на сообраќајници на подрачјето на општината. Општината одвои речиси 3 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност за тампонирање на улиците во кумановско.