Вистински спектакл приреди кумановецот Тајзи настапувајќи вчеравечер на градскиот плоштад по повод Денот на ослободувањето на Куманово.
Пред неколкуилјадната публика Тајзи ги испеа најголемите хитови, а заедно со него во еден глас пееше и публиката.
Дека и кумановци се задоволни од неговиот настап говорат и реакциите на социјалните мрежи.
