Техничкото училиште „Наце Буѓони“ целосно ќе се гасифицира
-Денеска во ОСТУ „Наце Буѓони“ потпишавме договор со ЈП „Куманово гас“ за снабдување со природен гас на нашето училиште. Со оваа сите објекти во состав на ОСТУ „Наце Буѓони“, главната зграда, училишната работилница и спортската сала ќе го сменат својот начин на загревање и истите ќе се загреваат со природен гас. На овој начин ќе продонесеме за поздрава животна средина и почист воздух. Оваа инвестиција е овозможена преку проектот EU 4 clean air подржан од UNOPS и министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општина Куманово , објави Драган Јаневски, директор на ОСТУ „Наце Буѓони“.
