ТК „Тумба“ викендов беше домаќин на тениско првенство на Македонија во детски тенис
Викендов на терените покрај Спортската Сала тенискиот клуб „ТУМБА” беше домаќин и организатор на отвореното тениско првенство на Македонија во детски тенис во конкуренција за јуниори и јуниорки до 11 години ЗЕЛЕН ТЕНИС. Продефилираа 25 момчиња и 25 девојчиња од целата држава. Нашиот клуб за прв пат како дебитанти на еден турнир го претставуваа Теодора Божиновска, Софија Трајковска, Јована Спирковска, Калин Андов и Алексеј Стошиќ, кои имаа забележителен настап и достојно не представија-велат организаторите. Победник на турнирот кај момчињата е Лука Јанев од Т.К Триумф кој беше подобар од Дамјан Стефанов од Т.К.Поинтер, додека кај девојчињата триумфираше Јована Вељановска од Т.К.Југ, која во финалниот меч ја победи Кирстен Петак од Т.К.Куг. Настанот помина во фер и спортска атмосфера.

