Министерот Панче Тошковски на тркалезната маса „Реформи на безбедносниот систем на Република Северна Македонија“ во организација на Факултетот за безбедност – Скопје ги дефинираше четирите столбови на реформи кои се планирани во сегментот на министерството за внатрешни работи во следниот период, а тоа се: реформа на центарот за обука и воведување на средно полициско училиште од 2 години, дигитализација на процесите во министерството, новите закони за внатрешни работи и полиција и воспоставување на техничкиот систем „Безбеден град“.
„Воведувањето на средно полициско училиште од две години ќе биде еден од темелните чекори со цел на младите луѓе да им го вратиме чувството на љубов кон татковината, професионализмот во професијата и желбата за владеење на правото и правен ред и поредок. Втор столб е дигитализацијата на процесите и услугите на МВР кои ќе генерираат побрзи услуги за граѓаните и ќе се намали можноста за било каква корупција. Тука за пример ја земам новата онлајн алатка за аплицирање за дозвола за оружје која ги скратува времето и трошоците на граѓаните и ја намалува можноста од корупција која претходно ја имало во нивното издавање. Трет столб се новите закони за внатрешни работи и полиција кои ќе и овозможат на полицијата нова систематизација и поставеност со цел побрзо и поефикасно да одговара на предизвиците во областа на безбедноста кои се менуваат секојдневно. Четвртиот столб е пуштањето во употреба на системот на камери „Безбеден град“ кој треба да прерасна во безбедна држава кој ќе помогне и во намалување на сите видови на криминалитет во еден дел и решавање на сообраќајниот хаос и зголемување на сообраќајната култура кои ќе ги намалат бројките на жртви во сообраќајни незгоди кои се многу големи“, рече Панче Тошковски, министер за внатрешни работи