До први март трае пријавувањето за 5-тото издание на детскиот ТВ фестивал „Бисерчиња“ во организација на Асоцијацијата за култура и уметност „Мулти арт“ и ТВ Плус.
„Секое дете што ќе се пријави добива своја авторска песна и сопствен видео спот“, информираат организаторите.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Куманово.
