Третиот ТВ Детски фестивал „Бисерчиња“ в понеделник во центарот за култура

Во големата сала на центарот за култура „Трајко Прокопиев“ в понеделник ќе се одржи третиот ТВ Детски фестивал „Бисерчиња“, кој што е во организација на Асоцијацијата за култура и уметност „Мулти Арт“ и ТВ Плус.

„Фестивалот „Бисерчиња“ продолжува со својата мисија да го прикаже детскиот талент преку нови песнички. Оваа година ќе слушнеме 15 нови рефрени за најразлични теми, сите весели и забавни на свој начин. Сите песнички имаат интересни видео записи, кои премиерно ќе бидат прикажани на фестивалот. Ги покануваме сите дечиња, заедно со своите родители да дојдат в понеделник, во 19.00 часот и заедно да ја славиме музиката низ искрените детски насмевки. Цената на билетот е 150 денари“, велат организаторите.

Спотовите за песничките се снимани од ТВ Плус, а во нив учествуваат членови од балетските студија од Куманово. Истите ќе бидат гости и на фестивалската вечер.

Фестивалот се организира со поддршка од секторот за култура при општина Куманово.

 

Коментари

коментар(и)