Трибините и игралиштата во „Соколана“ добиваат ново руво
Првата фаза од проектот за реконструкција на спортскиот комплекс „Соколана“ започнува со реновирање на постоечките игралишта и трибините, како и партерно и уредување на паркинг просторот. Градежни активности се одвиваат и на теренот за мал фудбал.
Според Александар Крстевски од Општина Куманово, предвиденото време за оваа иницијална реконструкција е два месеци, по што ќе следува нов план и ќе се премине на теренот за кошарка. Завршната фаза од проектот ќе се фокусира на главниот дел од самиот објект. Владата обезбеди 7,5 милиони денари за гордоста на градот – „Соколана“, откако минатата година ги врати во владение на Општина Куманово и спортската сала, градскиот стадион и стрелиштето.