ВИДЕО: Триесет и двегодишен кумановец почина во болницата
Триесет и двегодишен кумановец вчера починал ненадејно во Општа болница Куманово. Претходната вечер, како што информира директорот на јавната здравствена установа д-р Стефан Трајановски, пациентот со стомачни тегоби се јавил за преглед во дневната болница на хирургија.
Случајот ќе го испитува и надлежна комисија од болницата, а во меѓувреме телото на починатиот е предадено на обдукција, по што конкретно ќе се знае која била причината за настапување на смртта кај младиот кумановец.
Случајот е пријавен и во кумановската полиција.
Според СВР Куманово, на 17.03.2025 во 11.35 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека во болницата со влошена здравствена состојба бил донесен В.А.(32) од Куманово, по што му била дадена терапија, но по кратко време починал.
Како што се додава во соопштението, по наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција, а полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид и извршиле разговор со сите присутни медицински лица.