Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19, од нив двајца новозаболени кумановци.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица.
Последните податоци говорат дека бројот на активни случаи на ниво на држвата изнесува 241, во Куманово само три активни случаи.
