Три интервенции на кумановските пожарникари

Територијалната противпожарна единица изминативе 24 часа имала три интервенции, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Оџак на семеен дом горел во село Љубодраг вчера по 21 часот, пожарот бил изгаснат за половина час. Пожарникарите гаселе пожар на запален оџак и на куќа во населбата „Карпош“, како и на улицата „Народна Револуција“.