,,Тумба фест 2025” – фестивал на народна песна

На кумановскиот градски плоштад вчеравечер се одржа јубилејно издание на фестивалот на народна хумористична песна, „Тумба фест 2025”, во организација на здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство – „Етно ризница” Куманово, со поддршка на Општината.

Под мотото „Да пееме и да се смееме”, љубителите на музичката уметност имаа можност да проследат 18 фестивалски рефрени, напишани на повеќе дијалекти од македонско поднебје, во изведба на македонски и српски пејачи и драмски уметници.

На претставникот од општинската администрација, раководителот Александар Крстевски, му припадна честа да ги врачи традиционалните награди, на 30 -то издание на фестивалот.

Првото признание за најслушана песна, „Неста Ресенска”, меѓу двата фестивала, им припадна на Ташко Каранфиловски и „Астра бенд”.

Наградата за животно дело му беше доделена на музичкиот уметник, композитор, текстописец и еден од основачите на фестивалот, Миле Барбаровски. Ова признание му беше врачено од страна на претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, како знак на благодарност за неговата повеќедецениска соработка и несебичен придонес кон развојот на фестивалот и зачувувањето на музичкото наследство, се вели во соопштението испратено до медиумите.