Во Секторот за внатрешни работи Куманово било пријавено дека на граничниот железнички премин Табановце била извршена кражба на меѓународен товарен воз во 03 и 20 часот наутро, при што биле одземени алкохолни пијалоци.
Екипа на СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
