Голем интерес од основците и средношколците за традиционалната улична трка која се одржа денеска, а се организира по повод Денот на ослободувањето на Куманово.
Спортската манифестација од натпреварувачки карактер е во организација на Општинскиот сојуз на спортови, со поддршка на Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово.
Медалите и дипломите на првонаградените им ги додели градоначалникот Максим Димитриевски.