Улогата на спортот во создавањето на здрав животен стил
Градоначалникот Максим Димитриевски деновиве учествуваше на Меѓународен симпозиум на тема: „Улогата на спортот во создавањето на здрав животен стил”. На настанот кој беше во организација на Асоцијацијата на спортски новинари на Македонија и Македонскиот олимписки комитет, присуствуваа и успешни спортисти од нашиот град, како што се Реџеп Реџеповски и Бранимир Јовановски, како и многу спортски легенди од регионот.
Во своето обраќање, градоначалникот ги потенцираше спортските успеси на градот, изградбата и реконструкцијата на спортските објекти, како и поддршката што општината ја дава за развој на спортот. Целта е унапредување на спортски политики како на локално, така и на централно ниво.