Неколку населби во Куманово утре ќе бидат без струја во одредени интервали од денот. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, утре во период од 08:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од Стара Кланица, улицата „Анѓа Ранковиќ“, Багрем бања, населбата Перо Чичо – дел од „Веселин Маслеша“, „Трајко Прокопиев“, „Руѓер Бошковиќ“, „6ти Април“, како и населбите Ајдучка чешма, Иго Тричковиќ, Пуковско и Карпош. Прекини во период од 08:00 до 14:00 часот се најавени за селата Горно Којнаре и Табановце. Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Утре без струја неколку населби
