Утре пристигнуваат вакцините од Грција
Вакцините кои Грција ги најави за државата, утре наутро се очекува да пристигнат во Скопје.
Како што и најавија пред две седмици и министерот Венко Филипче и портпаролката на грчката Влада, од јужниот сосед ќе стигнат 20.000 дози од Астра Зенека.
Филипче откри дека државата очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.