На 11 декември 2025 година (четврток) во кружната сала на зграда на поранешни општествено – политички организации со почеток во 08:00 часот, ќе се одржи седница на Совет на Општина Куманово, објави Општина Куманово.
Ќе се расправа само за една точка на дневниот ред – предлог- одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година.
Седницата е со директен пренос на програмата на ТВ Плус.
Третата седница на Советот на општината ќе започне во 08 часот.
