Утре седумнаесетта седница на Советот, ќе се носи буџетот

Дваесет и шест точки ќе се најдат на дневен ред на утрешната седница на Советот на Општина Куманово. Советниците ќе ја разгледаат програмата за работа на јавната установа Библиотека Тане Георгиевски, јавните претпријатија Водовод и Куманово гас, програмата за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини, уредување и одржување на градско зеленило, собирање и транспортирање на комунален отпад, одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини.

Ќе се одлучува и за програмата за работа на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, предлог – програма на културни манифестации, предлог програма за развој на спортот, предлог – одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, предлог – одлука за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош, програма за социјална заштита, субвенционирање на општински линиски превоз, а ќе се носи и буџетот на општината за 2023 година.

Ќе се најде и предлог одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници, согласност за обезбедување средства од буџетот за ангажирање 25 работници преку агенцијата за привремени вработувања во Општина Куманово, информација за работа на Секторот за инспекциски надзор за период јануари-јуни 2022 година.

Седницата која ќе почне во 10  часот, ќе можете да ја следите на ТВ Плус.