Во организација на ЗЕМСУ, вчера во ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово се одржаа Регионалните натпревари во електро, машинска и сообраќајна струка, информираа надлежните од училиштето.
„Нашите ученици ги постигнаа следните резултати:
– образовен профил техничар за компјутерско управување – машинска струка Марко Илиевски прво место, ментор Мартина Максимовиќ
– образовен профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика – електротехничка струка Матеј Глигоријевски прво место, ментори Јелена Поп Глигорова и Марија Тасевска
– образовен профил електоренергетичар – електротехничка струка Наум Богдановски прво место, ментор Тони Ристески“, објави Драган Јаневски, директор на ОСТУ „Наце Буѓони“.