Училиштето „Христијан Карпош“ го прослави патронатот

Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата „Перо Чичо“, денеска одбележа шеесет и четири година од своето постоење и 79 години од смртта на козјачкиот херој. По повод патрониот празник во училиштетo се одржаа низа активности.

Присутните претставници од општината, советот, училиштата, положија цвеќе пред бистата на народниот херој. Тие проследија и богата културно уметничка програма, која ја подготвиле учениците заедно со наставниците. Основното училиште „Христијан Карпош“ е едно од најбројните во Куманово.

 

Коментари

коментар(и)