Филмот „Макраме“ прикажан во Затвор Куманово

Во КПУ Затвор Куманово, согласно потпишаниот меморандум за соработка со НУ „Музеј# Кумановo, на дел од осудените лица им беше прикажан документарниот филм „Макраме” на Надица Петковиќ, кустос советник етнолог. Филмот  ја обработува традиционалната техника на плетење „макраме”, при што освен афирмација на културата и традицијата, носи и порака за важноста на вербата во себе, истрајноста и упорноста.

Докумeнтарниoт филм „Макраме“ годинава е добитник на наградата УНИКА, која ја доделува Меѓународната асоцијација за уметнички филм.

Инаку, меморандумот за соработка меѓу двете установи предвидува реализација на проекти за ресоцијализација и рехабилитација на осудени лица преку соработка и помош во областа на културно – просветна дејност.