Фондацијата со пригодна музика на градскиот плоштад

Фондацијата за култура и спорт Куманово информира дека на барање на граѓаните, а со поддршка на Советот при Општина Куманово, во текот на последната недела од годинава, секој работен ден, покрај бројните културни манифестации, ќе го заживее градскиот плоштад со пригодна музика, која, според Фондацијата, ќе предизвика радост и ќе ја разбуди во кумановци предновогодишната еуфорија.

-Па, така, во текот на денот, доколку поминувате на Градскиот плоштад, ќе имате прилика да слушнете по некоја новогодишна песна, а, веќе во попладневните часови, кога ќе се вклучат и сијаличките, неретко ќе налетате и на по некој уличен музичар, пејач или инструменталист, кој слободно може да го поддржите со еден аплауз при поминување во центарот на градот, соопштуваат од Фондацијата.