Фризерско студио „Нате“ учествуваше на Nook Internacional day – Охрид 2025
Во Охрид викендов се организираше второто по ред Балканско шоу Nook Internacional day 2025 во организација на Макси Ексклузив од Битола. Во ревијалниот дел настапија КУД и маестралниот стилист за коса Борис Обрешки, додека во натпреварувачкиот дел беа четири земји, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, која е победник во шоуто.
Од Македонија учествуваше фризерското студио „Нате“ во сопственост на Наташа Додевска од Куманово.
Ви пренесуваме дел од она што се случувало и говорело во Охрид за фризурите на фризерското студио „Нате“.
– Да тргнеме на ова патување од дома, од нашата убава земја, и од историјата на косата на Убавите жени на мојот народ, како што ги опеваше Блаже Коневски ,,Македонската коса“ како поим носи силна симболика – традиција, гордост, убавина. Ги поканувам на сцена Стојче Трајчева, Нате Додевска и Маја Алексовска, минатогодишните претставници на Македонија, кои го донесоа пехарот токму овде во Охрид. Тие со својот перформанс ќе ни ја претстават македонската традиција која постоела во минатото, постои и денес а ке постои и во иднина. Во сето ова ке ни помогнат членовите КУД Карпош од Куманово и можат да ни се придружат женскиот дел од друштвото и да видиме што ни имаат спремено.
Од плетенките на нашите баби, украсени со ленти и цветови, до современите, смели и автентични стилови – македонската коса носи историја. Таа е сведок на времиња, на радости, на борби и на убавини што никогаш не избледуваат. Таа не е само нишка по нишка – таа е симбол. На идентитет, на женственост, на народна гордост. Секоја жена што ја носи – ја продолжува приказната за нашето културно наследство, облагородено со современ дух и индивидуална изразност. Сега – доаѓаме дома. Македонија – тоа сме ние. Земја со срце, со душа и со убавина што извира од секоја нишка на коса, од секој креативен допир, од секое фризерско студио каде се создава уметност.