Уште едно успешно издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2026 “ во Куманово кое завршува вечерва со изведба на претставата „Не можам да платам, не сакам да платам“ на Театар Куманово.
Во организација на НУЦК „Трајко Прокопиев вечерва ќе бидат доделени и наградите во неколку категории – за најдобра претстава, режија, сценографија, костимографија, главна женска и машка улога, споредна женска и машка улога и млад актер.
Во натпреварувачкиот дел на фестивалот настапија десет театри од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Бугарија.