„ЦО донесе одлука за распишување и спроведување на внатрепартиски, непосредни избори за претседател на партијата. Изборите ќе се одржат на 12 декември во недела. Постапката за кандидирање започнува утре, а право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно статутот на СДСМ“. Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат преку онлајн алатката. Активната регистрација започнува утре и ќе трае седум дена за што соодветно ќе информираме“, велат од СДСМ.
По изборот на претседател, следува избор и на ново раководство на партијата.
