По новите врнежи од дожд, нема излевања во Куманово и Липково, информираат од Центарот за управување со кризи.
Според ЦУК, се расчистуваат наноси кај селото Коинце, а зголемени водостои, но без штети се бележат и во кратовско.
– Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112, велат од Центарот за управување со кризи.
