Четворица кумановци нападнале 18- годишно момче

Четири лица од Куманово на возраст од 26 до 49 години биле приведени викендов под сомнение дека физички нападнале 18-годишно момче на улицата „Иво Лола Рибар“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.