Четириесет и седма седница на Советот на општина Куманово
Утре ќе се одржи 47-та седница на советот на општина Куманово со 26 точки на дневниот ред. Пред советниците ќе се најдат тримесечниот извештај за финансиско работење на јавните претпријатија „Водовод“, „Куманово гас“, „Куманово план“ , „Куманово паркинг и „Чистота и зеленило“. Советниците ќе треба да се изјаснат и за предлог – програмата за изменување на програмата за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на општина Куманово за 2024 година, предлог –одлука за укинување на имиња на улици со нумерација на објекти во општина Куманово, акциски план за одржлива енергија и клима на општина Куманово, предлог – програма за измена на програмата за развој на социјалната заштита во општина Куманово за 2024 година, како и предлог – програма за измена на програмата за субвенционирање на здруженија и фондации од општина Куманово за бесплатен посебен превоз за 2024 година.
На дневен ред се и други точки.
Седницата започнува во 10 часот со директен пренос на програмата на ТВ Плус.