Шестмина новозаболени кумановци и седум оздравени пациенти од Куманово е ковид билансот за нашиот град во изминатото деноноќие, информира министерството за здравство. На ниво на државата, надлежните регистрираат 72 нови случаи на ковид-19, 54 излекувани пациенти во државата и три починати лица како последица на компликации од коронавирусот. Починатите на возраст од 44, 58 и 79 години се жители на Струмица, Гостивар и Охрид, а сите починале во болница, соопшти надлежното министерство.
Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а досега во земјата вкупно 160.180 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.293, бројката на оздравени пациенти е 12.754, починати се 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.905.
Во Куманово од почетокот на епидемијата заболени се 1.554 лица, а во моментов активни се 230 случаи.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 63, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 26 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121, позитивни и сомнителни на ковид-19.