ШТО ГО ЗАГАДУВА ВОЗДУХОТ НА КУМАНОВЧАНИ И КАКВИ МЕРКИ СЕ ПОТРЕБНИ

Во Куманово, просечната годишна концентрација на ПМ 2,5 честичките ја надминува дозволената гранична вредност за 54%.

Како и во другите градови, периодично и во Куманово, воздухот е многу загаден. Во грејната сезона, резултатите за загаденост на воздухот се меѓу најлошите. Во текот на зимските месеци, биомасата е главен извор на загадување на воздухот. А овој извор, само во декември и јануари придонесува да се надминат годишните гранични вредности.

Сообраќајот е вториот најважен извор на загадување на воздухот, со постојан придонес во текот на целата година и со значајно зголемување во летниот период. Согорување мазут и нафта е забележливо во текот на целата година, но доминира во периодот од ноември до април, додека загадувањето на воздухот кое доаѓа од горењето оган на отворено е забележливо во текот на целата година.

 

 

Долгорочни инвестиции, мерки и акции за почист воздух во Куманово.

Заедничките заложби на граѓаните, јавните институции и фирмите, за подобрување на животните и работните навики може да го направи Куманово уште поубаво место за живеење. Замена на печките на дрва и нафта со инвертери или топлотни пумпи, унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата и јавните објекти, на фирмите и дуќаните, одговорност да не се пали отпад и оган на отворено, свест за пешачење и користење на јавен превоз, редовно чистење и миење на улиците се дел од решенијата за почист воздух и здрава животна околина.

Истражувањето на изворите на загадување на воздухот го подготви лабораторијата АМБИКОН при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ што го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица.

Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Во рамките на програмата исто така се спроведува и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

Повеќе информации за истражувањето можете да најдете на следниот линк: https://cistvozduh.mk/publikacii/air-pollution-reports-in-five-municipalities/

Линк – анимацијата за загадување на воздухот во Куманово:

 

Коментари

коментар(и)