Што мислат кумановци за локалната корупција? (видео)
Од кои причини нашите сограѓани, кои се свесни за било каков вид локална корупција, не се осмелуваат да ја пријават кај надлежните и зошто сме единствена општина во која испитаниците дале одговор дека и сеуште постои коруптивност во царинските служби? Нашиот проблем е во таканареченото земање здраво за готово и во колективната недоверба во институционалното работење. Вака барем тврдат од Девелопмент солушнс, дел од тимот истражувачи кои ја спроведоа анкетата.