Ѓорѓиевски: Децата учат во безбедни училишта
Претседателот на Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вчера изјави дека децата учат во безбедни училишта, а јавноста и родителите да бидат спокојни бидејќи нема простор за паника и страв.
-Во наредниот период ќе се заложам задолжително да биде најмалку еднаш во годината согласно закон да мора да се вршат редовни контроли, а не да се остава на добрата волја на градоначалникот или службите. Како претседател на ЗЕЛС, но и како градоначалник на мојата општина, сакам да порачам на нашите граѓани, дека нивните најмили и најмлади учат во безбедни училишта и градинки. Сето она што е утврдено како недостаток, дали е некаде треба да се замени црево заради застареност, дали има пропусти од типот дека во одредено училиште не се спроведени редовни контроли… тоа не смее да се случува во перпсектива, ќе биде во наредниот период експедитивно отстрането од локалните власти во соработка со диреторите на училиштата и службите на општините – изјави Ѓорѓиевски.