ВИДЕО: Јовановиќ: Второто полугодие започна со 174 ученици помалку од почетокот на учебната година

Второто полугодие во кумановските основни и средни училишта започна со 174 ученици помалку од почетокот на учебната година, информираше раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ на денешната седница на Советот на општина Куманово.

Според анализите на Секторот за образование од основните училишта се отпишале 111 ученици, а од средните 63. Најголем број ученици, дури 37 се отпишале од основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, а од средните училишта од „Наце Буѓони“ – 23 ученици.

Опаѓа и бројот на првачињата. Според Јовановиќ, во прво одделение во учебната 2024/25 година во 16 училишта во градот се запишале 996 ученици, на македонски наставен јазик – 651, на албански јазик – 345 и еден ученик на српски јазик.

Во учебната 2022/23 година биле запишани 1.070 ученици, во 2023/24 – 1.089 првачиња. Годинава за прв пат бројот на првоодделенците е под илјада.

Коментари

коментар(и)