ЈП „ Пазаришта “ работело со загуба (ВИДЕО)
ЈП „Пазаришта“ – Куманово во 2020 година работело со загуба што се должи на корона-кризата и неработењето на претпријатието за кое беше донесена одлука на Советот за време на пандемијата. Ова го покажаа податоците од извештаите на ова претпријатие што беа презентирани пред советниците на 53-тата седница на кумановскиот општински Совет. Најдобри приходи „Пазаришта“ остварило во последното тримесечје од минатата година.