„Љубовен мјузикл“ вечерва на оркестарот Симфониум

Во Занаетчискиот дом вечерва концерт насловен Љубовен мјузикл ќе изведе оркестарот Симфониум при гимназијата Гоце Делчев, во придружба на танцов клуб Динамик.

Концертот кој ќе започне во 19 часот, е во сценарио на професорот Филип Петровски.

Организаторите ветуваат поинаков Св.Трифун со кумановски љубовни приказни, светски познати валцери и многу смеа.  Љубовен мјузикл велат нема да ве остави рамнодушни. Настанот е под покровителство на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.