ВИДЕО: „Љубовен Мјузикл“ на „Симфониум“ утре во Занаетчискиот дом

Гимназијалците од „Гоце Делчев“ утре ќе ја играат претставата „Љубовен мјузикл“ во Занаетчискиот дом.

Станува збор за претстава на училишниот оркестар „Симфониум“ на кумановската гимназија, а по сценарио на наставникот по музичка дејност, Филип Петровски.

Претставата „Љубовен Мјузикл“ средношколците ја изведуваат четрвта година по ред, а настапот утревечер ќе биде јубилеен, 50-ти на училишниот оркестар.

Влезот за претставата, која е со почеток во 19 часот и 30 минути е слободен.