Во тек е реконструкција на подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња, а започна да се реновира и основното училиште „Кирил и Методиј“ во Агино село. Од вкупно 49 објекти во кои што се изведува воспитно-образовниот процес, повеќето од половина се реконструирани. Во наредниот период ќе се реновираат т.н истурени објекти од училиштата и оние во руралните средини, информира раководителот на Секторот за образование во општина Куманово, Александар Јовановиќ.