101 кумановец казнети за неносење маска изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (25.01/26.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 140 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број на издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 101, во Крива Паланка 26 и во Кратово 13.

За истите ќе следуваат соодветни мерки,информираат од СВР Куманово.