14 нови случаи на коронавирусот во Куманово, eден во Липково

14 новозаболени од вирусот ковид -19 во Општина Куманово и еден жител на Липково се регистрирани во изминатото деноноќие од министерството за здравство. На ниво на државата во последните 24 часа од направените 1772 тестирања, евидентирани се 145 нови случаи на коронавирусот. Најголем дел од нив се во Скопје – 32 новозаболени, Гостивар -12, Тетово -9 , по осум пациенти од Штип, Прилеп и Делчево.

Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар  на 67 -годишна возраст  и од 48 -годишен стружанец.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациенти. Од Скопје – 55, Гостивар – 39, Куманово – 31 и од останатите градови по помалку од десет излекувани пациенти.
Досега во земјата направени се вкупно 151.706 тестирања на ковид -19, а нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.600, бројката на оздравени пациенти е 11.741,  починати  се 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.253.

Инаку, како што објави министерот за здравство Венко Филипче , според извештајот на ИЈЗ за период 24-30 август годинава повторно се бележи намалување на бројот на новодијагностицирани со ковид-19 и процентот на позитивни од тестирани.

  • 9.944 направени тестирања
    • 666 нови позитивни случаи, намалување од 20,6% во однос на минатата недела
    • Процентот на позитивни од тестирани изнесува 6,7%, намалување од 0,8% во однос на претходната недела.
    • 71 хоспитализиран (10,7%), намалување од 40,3% во споредба со минатата недела
    • 1.112 оздравени лица, 100% повеќе во однос на претходната недела
    • 35 смртни случаи од 13 градови.