15 новозаболени во Куманово, 9 во Липково
Дваесет и четири нови случаи на коронавирус регистрира Центарот за јавно здравје Куманово, во изминатото деноноќие. Како што информираше директорот Ариф Љатифи, 15 од случаите се од Општина Куманово, а девет од новите позитивни од Општина Липково. Од почетокот на епидемијата бројот на заболените во Куманово изнесува 620, од кои што во моментов активни се 202 случаи на ковид-19.
Инаку, министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19, најголем број од нив во Скопје-85. Но, за жал, евидентирани се и две починати лица. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка на 60-годишна возраст.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.701, бројката на оздравени пациенти е 1.694, на починати е 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.836.
Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника вкупно хоспитализирани се 93 пациенти.
во ГОБ „8 Септември. 60 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.