„15-ти Бајловски средби 2023“ в недела пред Задружниот дом во селото

И годинава ќе се одржи манифестацијата „Бајловски средби 2023“ во организација на здружението „Козјачија во срцето“ во недела, на први октомври, пред Задружниот дом во селото Бајловце под покровителство на општина Старо Нагоричане. Како што информираат организаторите, по литургијата во црквата Свети Димитрија која ќе започне во 09 часот, ќе следуваат прием на гостите, спортски селски игри, поставување на бајловски баници, а свеченото отворање на манифестацијата ќе биде во 11 часот. Дел од културно-уметничката програма ќе бидат ученици од подрачното училиште во Бајловце, КУД „Ѓоко Симоновски“  при здружението на пензионери од Куманово, КУД „Срма“ со изведба на стара Козјачко-Бајловска свадба и вокалисти. За посетителите ќе има и организиран ручен, бајловски грав. Цената на повратниот билет е 300 денари.

Коментари

коментар(и)