29 случаи на сезонски грип во Куманово

Вкупно 29 случаи на сезонски грип биле регистрирани во Куманово во текот на првата недела од 2022 година, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Вкупно оваа сезона во Куманово биле регистрирани 108 случаи, од кои поголемиот дел во декември или вкупно 79.

Најмногу заболени од грип имало во возрасната група од 15 до 64 години или вкупно 62 лица. Дваесет и шест лица биле во категоријата од 5 до 14 години, 11 деца на возраст до четири години и девет лица постари од 65 години.

Заклучно првата недела од годинава во Центарот за јавно здравје Куманово вакцина против грип примиле 194 лица. Најголем дел од вакцинираните, вкупно 88 лица, биле хорнично болни граѓани на возраст над 65 години. Седумдесет од вакцинираните биле здравствени работници.

Во возрасната категорија од 30 до 64 години вакцина против сезонски грип примиле 33 лица со хронични заболувања и тројца без заболувања, додека во останатите старосни категории нема вакцинирани.

Центарот за јавно здравје Куманово за сезоната 2021/2022 година набавил вкупно 300 вакцини против сезонски грип.

Коментари

коментар(и)