40 новозаболени кумановци, 207 во изолација

40 новозаболени од коронавирусот во Куманово, а 813 нови случаи во државата регистрира министерството за здравство во последните 24 часа. Оздравени се 18 кумановци, а меѓу починатите во изминатото деноноќие нема наши сограѓани. Бројот на активни случаи во Куманово изнесува  259.

Инаку, на подрачјето на Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане според евиденциите на СВР Куманово во изолација се вкупно 207 лица , додека 40 лица потпишале изјави за самоизолација. Поднесени се 18 кривични пријави за непочитување на изолација и самоизолација и сите лица редовно се контролираат од страна на полициски службеници од СВР Куманово.